Бомби и муниција пронајдени во Лопате

Сподели со своите пријатели

Рачни бомби кашикари и муниција за автоматско оружје биле пронајдени во атарот на селото Лопате.

Loading...

– На 05.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на стариот пат кон с.Лопате, кумановско, биле пронајдени пет бомби-кашикари како и две рамки за автоматска пушка (завиткани во најлонска кеса), кои најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply