БОМБАРДИРАЊЕ СО ДРОН: Војна на нарко – картелите од воздух (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мексиканските нарко картели започнаа војна меѓу себе од воздух.

Снимките објавени во мексиканските медиуми покажуваат како еден нарко-картел го бомбардира кампот на друг картел од дрон.

На снимката која е направена од дронот што го изврши нападот, се гледа како авионот фрла експлозив врз шаторите на земја, кој потоа експлодирал, а луѓето во кампот почнале да бегаат.

Потоа видеото покажува како најверојатно дронот е соборен.

Според мексиканското издание на шпанскиот весник „Ел Паис“, дронот што го извршил нападот припаѓа на картелот од новата генерација Халиско, додека нападнат е кампот на ривалскиот картел во мексиканската држава Мичоакан.

Други мексикански медиуми тврдат дека бил нападнат камп на локални жители, кои се спротивставиле на новата генерација на картелот Халиско да почне да дејствува на нивна територија.

Според мексиканските медиуми, едно лице е повредено во воздушниот напад, кој не бил прв од ваков вид во регионот.

Американската агенција за борба против дрогата вели дека картелот „Халиско“ од новата генерација е „една од најнасилните и најголемите организации за трговија со дрога во Мексико, која го преплавува американскиот пазар со фентанил и метамфетамин“.

Американските власти изјавија дека уништувањето на тој картел е еден од највисоките приоритети и понудија награда од 10 милиони долари за информација која би довела до апсење на водачот на картелот Немесио Ел Менч Осегуер Сервантес.

Мексиканската држава Мичоакан е сцена на брутална војна во која се вклучени неколку нарко картели.

Се издвојува новата генерација на картелот Халиско, кој користи милитаризирани единици, импровизирани оклопни возила, тешки митралези, бомби…

Многу од мештаните од таа област заминаа во егзил, па речиси половина од населението на општина Чиникила ги напушти своите домови и побегнале во соседната држава Колима или во САД, пренесува RT.