Бомба пронајдена во двор на манастир во кумановско

Сподели со своите пријатели

Рачна бомба вчера била пронајдена во дворно место на манастир во кумановското село Романовце.

Loading...

– На 16.04.2021 во 14,18 часот во СВР Куманово, С.С. од с.Романовце-кумановско, пријавил дека во с.Романовце-кумановско, во дворно место на манастир „Св.Јован“ пронашол рачна бомба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било местото на настанот и извршен увид, по што од страна на пиротехничар истата била превземена за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply