Една нова студија направена во Медицинскиот центар во Бостон идентификува зголемен ризик од смртност кај жени со болки во грбот, во споредба со жените кои го немаат овој здравствен проблем. Наодите од новата студија, објавена во „Журнал за општа интерна медицина“, откриваат дека слабата болка во грбот (болка која не спречува лице да вежба или да извршува секојдневни активности) влијае на очекуваното траење на животот, но ризикот од смрт е зголемен кај возрасните жени со посилна болка во грбот.
Неактивноста е поврзана со поголема смртност
Студија на Медицинскиот центар во Бостон го покренува прашањето дали со текот на времето, подобар третман на болки во грбот и попреченост може да го продолжи животот на една личност. Болките во грбот се водечка причина за попреченост ширум светот, а попреченоста и неактивноста главно се поврзани со поголема смртност. Една нова студија ги идентификуваше потенцијалните патишта помеѓу болката во грбот и смртноста, вклучително и ограничувања во секојдневниот живот и намалена физичка активност што може да доведе до зголемување на телесната тежина и развој или влошување на хронични состојби, како што се кардиоваскуларни болести. Болката во грбот е исто така поврзана со слаба рамнотежа и падови, што резултира со фрактури, а ваквите фрактури се поврзани со зголемена смртност.
Најголем ризик од смртност е забележан кај жени
Ова е прва студија и систематски преглед на литературата за поврзаност на болки во грбот и морталитет, а студијата беше проследена со мета-анализа на смртност од сите причини, во 11 студии, со 81.337 возрасни лица на средна возраст и постари лица. Истражувачите нагласуваат дека возраста, во оваа анализа, не влијаела на поврзаноста помеѓу болката во грбот и смртноста, што е неочекуван резултат, земајќи ги предвид минатите истражувања кои покажуваат дека влијанието на болката во грбот се зголемува со возраста. Најголем ризик од смртност поврзана со болка во грбот е забележан во студии кои вклучуваат само жени, оние кои имале потешка болка во грбот.
Ефективни третмани со нефармаколошки третмани
Нефармаколошки третмани препорачани за третман на болки во грбот вклучуваат акупунктура, хиропрактика, масажа и физикална терапија. Постојат докази дека овие третмани се ефикасни во лекувањето на болки во грбот и се сметаат за безбедни. Но, се знае дека некои третмани имаат потенцијално сериозни несакани ефекти, како што се опиоиди за лекување на болка. Многу луѓе ширум светот починале од епидемија на опиоиди, а болката во грбот е меѓу најчестите причини поради кои се препишуваат опиоиди.