Болест која досега лесно ја лечевме станува вистинска закана?

Сподели со своите пријатели

Гонорејата до сега се зметаше за излечиво полно пренослива болест, но судејќи според податоците на Светската здравствена организација, тоа повеќе не е случај.

Гонорејата погодува 78 милиони луѓе секоја година, а ако не се лечи на време, може да предизвика воспаление на карлицата и да предизвика хронични стомачни болки кои можат да предизвикаат компликации и потешкотии кај жените, како што е стерилитет. За жал, гонорејата е се потешко да се излечи, а во некои случаи и невозможно.

Бактеријата која предизвикува гонореја е доста паметна. Секој пат кога воведуваме нов вид антибиотик за да ја лечиме, бактеријата еволуира така што му се спротивставува – вели Теодора Ви, специјалист од СЗО.

Податоците собрани од 77 земји ширум светот покажуваат дека гонорејата станува резистентна на старата постоечка терапија. Од сите земји моментално скоро невозможно е да се излечи во Франција, Јапонија и Шпанија затоа што баш тука се развиле супербактерии со кои научниците претходно не се сретнале.

Претходно оваа година, Интернационалната здравствена организација објавила дека гонорејата е сместена во тип на бактерии кои се голема закана за човештвото и човековото здравје, како и дека мора да се развие нова терапија.

СЗО вели дека моментално во развој се три нови лекови, а колку успех ќе имаат во борбата со гонорејата останува да видиме.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.