Бојан Трајковски е новото засилување на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Репрезентативецот Бојан Трајковски потпиша за КК Куманово, откако претходно го раскина својот договор со Работнички.

Loading...

По негова иницијатива побарала исписница од клубот во кој имал отворен договор, за да се префрли во тимот на Страшо Тодоровски. Инаку за овој играч биле заинтересирани и неколку странски екипи, додека се спомнувало и тоа дека во својот табор го сакаат и од МЗТ.

Сепак, екипата на КК Куманово добива ново засилување со фактот дека Вукашин Мандиќ на своја лична иницијатива замина од клубот, а неофицијалните информации дека Чековски ќе влезе во редовите на Куманово, сепак останаа непотврдени.

Првиот меч кој Бојан Трајковски ќе го одигра со кумановци ќе биде против МЗТ Скопје Аеродром на 4-ти декемвери.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.