Компанијата „Боинг“ потврди дека ќе отпушти околу 2.000 луѓе од финансискиот сектор и секторот за човечки ресурси.
„Некои од нашите корпоративни функции значително се зголемија со текот на времето“, изјави Мајк Фридман, висок директор за комуникации на Боинг, за Сиетл Тајмс, според Ројтерс.
Фридман додаде дека растот е проследен со зголемување на бирократијата и неефикасни хетерогени системи, па затоа компанијата мора да ја зголеми ефикасноста.
Би-Би-Си известува дека компанијата сака да инвестира повеќе во производи, услуги и развој на технологија, и дека околу една третина од овие канцелариски работни места ќе бидат аутсорсирани од Tata Consulting Services, со седиште во Бангалор, Индија.
Во исто време, Боинг најави дека ќе продолжи да вработува повеќе луѓе во областите на инженерството и производството. Компанијата „Боинг“ лани вработила 15.000 луѓе, а годинава најавила дека сака да вработи уште 10.000 работници.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.