„Боинг“ го претстави новиот автономен авион ловец, кој лета покрај авионите со кои управуваат пилоти. „Лојал Вингмен“ долг 12 метри, има долет од 2.000 наутички милји и опремен е со сензори кои овозможуваат следење, набљудување и собирање податоци, но и електронско војување.
Посебно е погоден за одалечени мисии за набљудување, кои луѓето обично не можат да ги изведат. Во некој момент во иднината „Вингмен“ ќе носи и проектили или бомби, а компанијата, која засега има само прототип, се надева дека авионот ќе најде купувачи ширум светот.
Дроног е дел од новата платформа на „Боинг“ без екипаж, наречена „Boeing Airpower Teaming System“, а преставена е во вторник на Меѓународниот аеромитинг во Австрлаија, каде е развиена во рамките на доверлива програма.
Цената на новиот ловец ќе изнесува само дел од цената на вообичаен ловец со екипаж, наведува компанијата, а е зависи од спецификациите на авионот кој ќе го избере купувачот.
Кристин Робертсон, потпретседател и генерален директор на огранокот, вели дека „следбеникот“, „умножувач на сили“, е наменет за сите воени единици на кои им недостасуваат луѓе.
– Благодарение на способноста за брза реконфигурација и зведување различни видови мисии во тандем со други летала, нашиот најнов авион во портофило ќе биде вистински умножувач на силите, рекла таа.
Веспилотното летало може да лета неколку илјади километри, како и да носи сензори и електронска опрема за војување.
Не само што ќе лета подолго од авионите со пилоти, туку ќе можат и да издржат поголемо гравитациско забрзување, а ќе биде опремен и со моќни компјутери, кои бргу ќе обработуваат огромна количина на податоци.