Богоев: Поздрав Пленумци, дали сега, дали во април – екстерното ќе се укине

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Македонија и денеска е бојно поле каде има жестоки расправии на власта и опозицијата за Предлог законот за измени на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозициската СДСМ, која бара укинување на екстерното тестирање.

Loading...

Стефан Богоев, пратеник од СДСМ, реплицирајќи и на Олга Најденовска од ВМРО ДПМНЕ, рече:

– Месец дена се плашите од соочување со ученици, студенти, наставници, родители. Месец дена се плашите од овие луѓе. Не се ова малку луѓе колешке. Не се воопшто. И вие и Владата во заминување се плашите, се тресете од овие луѓе. Затоа што се попаметни од Вас. Затоа што се поаргументирани од Вас. Затоа што се борат за вистинска работа, рече Богоев

На вчерашната расправа, Рената Десковска од СДСМ образложи дека бараат укинување на екстерното оценување, затоа што тоа, како што рече, не го мери знаењето на учениците, а наставниците ги става во нееднаква положба. „Целта на екстерното тестирање е да се одземе сигурноста на работното место на наставниците, да се држат во постојана зависност и несигурност“, рече Десковска.

Извор и фото: а1он.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.