Богата предновогодишна забава на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Наместо концерт за дочек на Новата година, Општина Куманово ја продолжува традицијата со предновогодишен музички хепенинг.

Годинава два дена ќе се одржуваат музчки настани за сите генерации на граѓани.

На 29ти декември (петок) со програмата за деца и младинци започнува одбројувањето на последните денови од годината.

Ќе настапат членовите на Студиото за модерен танц „Фјужн“ и балетското студио „Ултра“, по што точно напладне во 12 чаот ќе пристигне Дедо Мраз.

По говорот на градоначалниот Максим Димитриевски, програмата продолжува со настап на членовите на Дневниот центар за лица со посебни потреби и НВО „Порака Наша“. Програмата за деца и младинци ќе заврши со настапот на Детски хор при ООУ „Јероним де Рада“ од село Черкези.

Во вечерните часови забава за тинејџерите и младите со рок бендови од Куманово. На градскиот плоштад вечерниот дел од забавата ќе започне во 21 часот со настап на Аулона Ајрулау и Весим Митари. Четириесет и пет минути подоцна во 21:45 започнува настапот на групата „Ben Adam“ и групата „TV Rage“.

Предновогодишна програма на градскиот плоштад ќе има и во сабота, 30 декември. Во 12 часот започнува со настапот на Танцовиот спортски клуб „Мерлин“, а во 13 часот започнува настапот на Тамбурашкиот орктестар „Наши Тамбураши“ и кумановските солисти Нино Величковски, Виолета Томовска и Маргица Антевска.