Бочварски и Јаќимовиќ разговараа за можноста за директна авиолинија со БиХ

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се сретна со амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ со кого разговарале за можноста за отворање директна авионска линија помеѓу двете држави, како и за тековните капиталните проекти во државава, со посебен фокус на изградбата и модернизацијата на паневропските коридори 8 и 10.

Loading...

-Во текот на средбата го разгледавме и прашањето за воспоставување на директна авиолинија помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, во насока на развој на туризмот и авиосообраќајот, интензивирање на соработката меѓу двете земји и зајакнување на пријателските односи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како што информира Министерството за транспорт, Бочварски истакнал дека Владата е силно посветена на унапредување на целокупната инфраструктура во државата и додал дека градежните активности, и покрај ковид-кризата со која се соочуваме, се одвиваат со добра динамика.

-Со амбасадорот Јаќимовиќ разговаравме за сите крупни капитални инвестиции што ги реализираме во нашата држава, а се од огромно значење за регионалното поврзување и интензивирање на економската соработка меѓу земјите од регионот. Ги презентирав тековните и планираните проекти за изградба и рехабилитација на патниот и железничкиот Коридор 8 и сите активности што ги преземаме во насока на негово што поскоро комплетирање. Разговаравме и за Проектот за локални патишта и планот за имплементација на Интелигентен транспортен систем. Споменав и дека во изминативе две години целосно ја унапредивме патната мрежа на Коридор 10 преку изградба и рехабилитација на патните делници и воведувањето на електронска наплата на патарините, изјави министерот за транспорт.

На средбата станало збор и за мерките и активностите што двете земји ги преземаат со цел да ги намалат последиците од ковид-кризата, да ја стимулираат економијата и да обезбедат непречен транспорт.

Лидија Велковска

Leave a Reply