BMW 750iL од 1996 година, во кој беше убиен еден од најголемите рапери на сите времиња, неодамна повторно се најде на пазарот во хотелот MGM Grand во Лас Вегас.
Автомобилот, кој првично беше регистриран од студиото Death Row Records, наскоро ќе се појави на настанот Celebrity Cars на аукциската куќа Лас Вегас со цена од 1,75 милиони долари, пишува Autoblog.
Судејќи според продавачот, оваа прекрасно BMW е целосно обновено, но на некои места сеуште има видливи траги каде, некогаш имало дупки од куршуми.
Серијата 7 на BMW од 1990-тите има 5,4-литарски мотор со дванаесет цилиндри со автоматски менувач и 194.799 километри поминато.
Голем дел од славата на овој модел е неговото место во историјата на хип хопот, со книга за сопственост и придружна документација што го докажува тоа.
Легендарниот автомобил моментално е изложен во салонот за користени автомобили во Лас Вегас Celebrity Cars, недалеку од местото каде што се случи убиството во 1996 година.