Полицијата од Вест Мидлендс во Велика Британија го повлече зелениот М3 од сообраќајот, што иницираше дополнителна истрага. Имено, утврдено е дека станува збор за возилото составено од украдени делови.
Автомобилот бил запренет во ноември и испратен на преглед. Откриено е дека погонот е составен од два украдени седани М3. Едниот беше украден од изложбениот салон во 2019 година, додека другиот беше украден во 2018 година. Уште два каравана од серијата 3 беа користени за каросеријата и панорамскиот покрив, што резултираше со „небезбедно“, иако привлечно возило.
Според полицијата на Вест Мидлендс, овој М3 победил на многу изложби, но тоа не го спасило од уништување. Полицијата нареди да се уништи лажниот М3, што го сними камерата и го објави на Фејсбук. Не е пријатно да се гледа како овој атрактивен автомобил се претвора во стуткан куп железо.
Сепак, ова „рециклирање“ е потсетник да се обрне внимание на возилото што го купувате.
Сосема е сигурно дека сопственикот на овој М3 не ни знаел дека неговиот автомобил е составен од украдени делови, но тоа не ја спречува полицијата да ги конфискува и уништи таквите возила.