БМВ изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патнички автомобил марка БМВ ноќва бил опожарен на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Loading...

– На 12.11.2022 во 04,50 часот во СВР Куманово од Противпожарната единица Куманово е пријавено дека на ул. „Октомвриска револуција“ во Куманово, во близина на угостителски објект, било опожарено паркирано патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(30) од Куманово, а кое било паркирано од М.И.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово.

Од ТППЕ Куманово информираат дека петмина пожарникари интервенирале во гаснење на огнот во период од 04:35 до 05:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Старо Нагоричане до 9 часот?

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски