Близу Железничка станица во Куманово е пронајден арсенал од оружје

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, од СВР Куманово е добиено известување за пронајдени неексплодирани бојни срества во близина на Железничката станица.

Loading...

По добиеното известување, тим на ДЗС Куманово се упатиле на лице место од каде биле извадени се 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми за противавиониски фрлач од 20 мм, дел од граната ЗИС, 8 запалки од гранати и испукани чаури.

Местото и теренот е исчистен и нема опасност, информира РЦУК во дневниот извештај.

Бојните срества се однесени на безбедно место.