Близначките кои делат ист вереник сега шокираат повторно откако пробуваат да останат бремени истовремено

Сподели со своите пријатели

Ана и Луси Дежинкве, 35, близначки од Перт, навистина ги надминуваат границите кога станува збор за поимот „сестринство“.

Loading...

Тие се облекуваат идентично, секоја минута ја поминуваат заедно, а неодамна се свршија со истиот партнер Бен Брн (40) кога го делат скоро една деценија. Тие се обидуваат да ја однесат својата приказна на ново ниво со тоа што сакаат да забременат истовремено.

 

 

 

– Ако дознаев дека сум бремена, и Луси ќе мораше да остане бремена веднаш, за да можеме да ја одржиме бременоста истовремено – вели Ана.

Во исто време дискутирајќи за бременоста, близначките признаа дека тоа ќе биде вистински предизвик.

Loading...

– Нашата мајка нè убедува да се породиме природно. Не сум сигурна како би се одвивало – Ана е искрена.

Инаку, Бен ги запросил и двете сестри, со идентичен прстен, што било прикажано и во реалното шоу „Екстремни сестри“, кое во моментов се прикажува на американска телевизија и ги следи нивните животи.

Ги однел девојките на романтично патување, а потоа го поставил познато прашање. Двата прстени се состојат од три дела, кои ја симболизираат врската на тројцата и посебната врска што ја имаат.

 

 

Сестрите се забавуваат со Бен од 2012 година, но за да се венчаат ќе мора да заминат надвор од Австралија, бидејќи полигамијата била забранета таму во 1961 година. Како што изјавија, тие размислуваат да заминат во Индонезија или во некоја американска држава, каде што се дозволени такви бракови.

Триото кое живее со мајката на близначките, дели голем кревет, а Бен е секогаш во средина. Ана и Луси велат дека се многу приврзани, толку многу што дури одат и во тоалет заедно. Тие исто така ги мерат оброците за да јадат иста количина.

Loading...

– Кога Луси оди во тоалет, јас одам со неа, кога се туширам, таа оди со мене – изјави Ана за „Њујорк пост“ и додаде дека што и да може некој да замисли, тие работат заедно.

– Никогаш не се одделуваме и мислам дека не можевме да функционираме една без друга – вели Ана.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *