Блинкен: Војната на Путин во Украина е стратешки неуспех

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Атина изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е стратешки неуспех.

Loading...

„Една година откако претседателот Путин ја нападна Украина, јасно е дека неговата војна е стратешки неуспех во секој поглед“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во Атина, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за Иран, Блинкен рече дека е на Техеран да се вклучи во соочувањето со предизвикот на неговата нуклеарна програма.

Блинкен рече дека најефективниот начин за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма е преку дипломатија и посочи дека во моментов Иран не е смислено ангажиран во тоа, поради што преговорите се прекинати, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Русија побара итни консултации со Србија за санкциите за НИС

„Но, вратата е секогаш отворена за дипломатија во иднина. А многу зависи од тоа што вели и прави Иран“, рече Блинкен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.