Блинкен во Саудиска Арабија. Една од главните теми е војната меѓу Израел и Хамас

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, каде една од темите на разговор ќе биде војната меѓу Израел и Хамас и повоената иднина на Газа.

Loading...

Тој се сретна со шефот на саудиската дипломатија, Фајсал бин Фархан.

Со оваа посета Блинкен ќе се обиде да изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа, наведува Ројтерс.

Шефот на американската дипломатија ќе разговара со претставници на Саудиска Арабија во Ријад, а ќе има средба и со министрите за надворешни работи на Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив, соопшти Стејт департментот.

Тој ќе се сретне со министрите на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со палестинските власти.

По Саудиска Арабија, Блинкен ќе ги посети Јордан и Израел.