Блинкен: Никогаш нема да ја признаеме руската анексија на територии во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД и нивните сојузници „никогаш нема да ја признаат“ руската анексија на територија во Украина.

Loading...

„Ние и многу други земји јасно ставивме до знаење. Нема, никогаш нема да ја признаеме руската анексија на украинска територија“, рече Блинкен на прес-конференцијата.

Проруските сепаратистички власти во Украина ги објавија првите резултати од референдумот за припојување на републиките Доњецк и Луганск кон Русија, како и на Запорожје и Херсон, според кои мнозинството гласало „за“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.