Блинкен: Не знаев за доверливи документи во Центарот Пен Бајден

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар и поранешен генерален директор на Центарот за дипломатија и глобален ангажман на Пен Бајден, Ентони Блинкен, рече дека не знаел за никакви доверливи документи, откако во центарот Пен Бајден беа откриени некои доверливи документи од времето кога актуелниот американски претседател Џозеф Бајден беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Loading...

Блинкен беше управен директор на Пен Бајден Центарот за дипломатија и глобален ангажман, кој беше поврзан со Универзитетот во Пенсилванија, но беше со седиште во Вашингтон.

– Како што слушнавте од претседателот Бајден пред една недела, бев изненаден кога дознав дека во Центарот Пен Бајден се присутни некакви владини документи. Во тоа време не знаев за тоа“, рече Блинкен одговарајќи на новинарско прашање за документите, додавајќи дека целосно ќе соработува со истрагата на Министерството за правда, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп веќе подготвил над 100 извршни наредби за неговиот прв ден во Белата куќа

Адвокатскиот тим на Бајден минатата недела соопшти дека открил околу 10 досиеја во заклучен кабинет во Центарот Пен Бајден во Вашингтон во ноември и дека тие биле предадени на Националниот архив.

После тоа, на 12 јануари, Белата куќа објави дека во домот на американскиот претседател Џозеф Бајден е пронајден втор сет на доверливи документи од времето кога тој беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Адвокатите на претседателот пронајдоа документи во гаражата на домот на Бајден во градот Вилмингтон, Делавер, а еден доверлив документ е пронајден во соба до гаражата, се вели во соопштението на Белата куќа.