Блинкен: На повидок е мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Сподели со своите пријатели

На повидок е мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан за спорната енклава Нагорно Карабах, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен, пофалувајќи го видливиот напредок во преговорите што се водат во Вашингтон.

Loading...

„Двете страни разговараа за многу тешки теми овие денови и постигнаа видлив напредок кон постојан мировен договор“, рече тој на крајот од четиридневните преговори.

„Се надевам дека на хоризонтот е договор, блиску“, додаде тој, посочувајќи дека „динамиката на преговорите и поставените темели“ укажуваат на можноста за потпишување мировен договор.

„Последниот километар од маратон е секогаш најтежок“

„Последниот километар од маратонот е секогаш најтежок. Тоа го знаеме сите“, рече тој и вети континуирана поддршка од САД за „да се постигне целта“.

Блинкен, кој ги спонзорираше преговорите кои започнаа во понеделникот, даде изјава по повод последната рунда преговори во присуство на министрите за надворешни работи на двете земји, Арарат Мирзојан од Ерменија и Џејхун Бајрамов од Азербејџан.

Двете кавкаски земји двапати се бореа за контрола на Нагорно-Карабах, во раните 1990-ти и во 2020 година.

Тоа е планински регион претежно населен со Ерменци, а се отцепи од Азербејџан пред три децении.