Блинкен: Можна контраофанзива на Украина во наредните недели

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели.

Во интервју за францускиот весник „Вест-Франс“оваа недела, Блинкен изрази мислење дека за многу пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, во Украина има две цели.

„Првата цел е да се направи се што е можно за да ѝ помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги презеде, вклучително и со контраофанзива, која се очекува во следните недели“, рече Блинкен.

Според него, втората цел е да ѝ се помогне на Украина „да ги изгради своите среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на каква било агресија“ и „да се одбрани ако, сепак, се случи нова агресија“.

Американскиот државен секретар рече дека додека Русија не го промени курсот, САД и нивните сојузници мора „да го одржат притисокот без преседан, кој бројни земји го започнаа против Русија со санкции и контрола на извозот“.

На прашањето дали САД имаат намера да го поддржат Киев во неговата желба да се бори со сила за окупација на Крим и Донбас, американскиот државен секретар одговори дека одговорноста за таквата одлука е на Украина и дека САД, заедно со многу други земји, ја поддржува Украина во нејзините напори.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.