Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен ја повика Кина да ја осуди руската „агресија“ во Украина.
„Ова е навистина време кога сите ние треба да застанеме, како што тоа го прави една земја по друга од Г-20, за да ја осудиме агресијата и да бараме, меѓу другото, Русија да дозволи пристап до храната блокирана во Украина“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар и кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, зборуваа на Бали, еден ден по состанокот на членките на Г-20, кои изразија несогласувања околу војната на Русија во Украина и справувањето со глобалните последици од тој конфликт.
Блинкен рече дека не гледа „никаков знак“ за руска соработка
Американскиот функционер, исто така, рече дека имал „корисни, искрени и конструктивни“ разговори со Ванг.
„И покрај сложеноста на односите меѓу САД и Кина, можам со одредена сигурност да кажам дека нашите делегации оценија дека денешните дискусии беа корисни, искрени и конструктивни“, рече Блинкен по петчасовни разговори.
Тој, исто така, рече дека изразил длабока американска загриженост поради „сè попровокативната реторика и активностите на Пекинг кон Тајван“ и ја подвлече важноста од одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.