Блинкен ја отфрла можноста за преговори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја отфрли идејата за преговарање за прекин на огнот меѓу Украина и Русија во овој момент.

Loading...

„За некои, идејата за прекин на огнот може да биде примамлива и јас го разбирам тоа. Но, ако се сведува на практична ратификација на руската окупација на значајни украински територии, тогаш тоа не би бил праведен и траен мир“, изјави Блинкен за медиумската група „Функе“, според Тагешау, пренесува Танјуг.

Според Блинкен, Русија би можела да ги прегрупира трупите и да нападне повторно по одредено време.

Американскиот функционер посочува дека Русија мора да дојде до точка каде што е подготвена да се вклучи во конструктивни преговори и додава дека целта мора да биде праведен и траен мир.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.