Блинкен, Борел и Камерон си замина од Скопје пред да пристигне Лавров

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата вечерта беше во Скопје, во пресрет на денешниот состанок на дипломатите на ОБСЕ и се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, но по неформалната вечера, тој го напушти главниот град на Македонија, пред доаѓањето на неговиот руски колега. Сергеј Лавров.

Loading...

На вечерта во Скопје, освен Блинкен, кој по Скопје отпатува за Израел, присуствуваа и шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Велика Британија, Жозеп Борел и Дејвид Камерон, по што сите тројца го напуштија Скопје пред доаѓањето на Лавров.

Можноста за средба Лавров и Блинкен во Скопје беше најавена претходно, но висок функционер на Стејт департментот во средата изјави дека средбата не се очекува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

Блинкен во Македонија се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски.

Во Скопје денеска се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ, на кој ќе бидат промовирани безбедноста, стабилноста и соработката меѓу земјите-членки.

Лавров, по заминувањето на Блинкен, слета во Скопје, но не помина преку Бугарија, туку дојде во Македонија преку грчкиот воздушен простор.

Авионот со кој Лавров патувал до Скопје прелетал околу 4.000 километри и ги прелетал Турција и Грција, иако првично беше планирано да лета до Скопје преку Бугарија, а летот затоа траел повеќе од пет часа, јави ТАСС.

Руската новинска агенција наведува дека бугарската страна одбила да го отвори својот воздушен простор за авионот на Лавров доколку во него била портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

– Доделена е дозвола на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на делегацијата што го придружува да учествуваат на средбата во Скопје. Оваа дозвола не важи за директорката на Одделот за информации и печат на руското МНР, Марија Захарова, која се наоѓа на листата на санкции на ЕУ – соопшти бугарското МНР.

Експертите, пак, сметаат дека овој потег не е поврзан со санкции, бидејќи Лавров е и на црната листа на ЕУ.

– Веројатно официјална Софија се плаши од Захарова и кога само лета над Бугарија – изјавил неименуван дипломатски извор за дописникот на ТАСС.

Во руската делегација има околу 80 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

Македонија привремено ја укина забраната за руски летови за да и дозволи на руската делегација да присуствува на самитот на ОБСЕ, иако санкциите за другите летови остануваат на сила.

Во Скопје се очекува да учествуваат околу 1.000 делегати, а Османи рече дека нема земја што ќе отсуствува од министерскиот самит.

Османи рече дека и балтичките земји и Украина, која најави отсуство на министри за надворешни работи, ќе имаат свои делегации со целосни права на одлучување во Скопје.