Благодарница за градоначалникот Димитриевски од кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Директорката на кумановската Општа болница Снежана Захариева денеска му додели благодарница на градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Како што напиша тој на социјалните мрежи, благодарницата е поради заложбите на општина Куманово во периодот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, преземени за доброто на сите граѓани.

– Продолжуваме со сите сили и расположиви средства да се бориме против невидливиот непријател, повикувајќи на почитување на препорачаните мерки за превенција и заштита од корона вирусот, напиша Димитриевски на Фејсбук.

Никола Ивановски

Leave a Reply