Бизнис секторот и невладините организации од Куманово утре на заедничка маса

Сподели со своите пријатели

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз (Даути)организираат средба на бизнис секторот и локалните невладини организации од Куманово, која ќе се одржи утре со почеок во 11 часот во просториите на невладината „ДРОМ“.

Главната цел на средбите е да посредува долгорочни ефективни партнерства меѓу локалните невладини организации и бизнис секторот, кои на крајот ќе резултира со поголем капацитет на невладините организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но исто така и од други фондови – велат организаторите.

Средбата се организира во рамките на проектот: „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од страна на Европската Унија, а  проектот ќе се имплементира во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.

Општата цел на проектот е да придонесе одржливост на граѓанското општество во Република Македонија преку зголемување на финансиската независност на НВО, но и подобрување на финансиската одржливост на невладините организации во соработка со бизнис секторот.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.