БИЗАРНО – Завршил на итна операција поради мобилен телефон, докторите останале запрепастени од она што го гледаат

Сподели со своите пријатели

Мохамед Исмаил Мохамед, бил донесен во итната медицинска помош со силни болки во стомакот, а докторите откриле дека има туѓо тело во цревата. Мажот бил подготвен за операција, а лекарите успеале да го отстранат предметот за кој се покажало дека е мал мобилен телефон завиткан во пластична фолија.

Loading...

Во првиот случај од ваков вид во Египет, лекарите од Универзитетската болница во Асван во истоимениот град извршиле операција за отстранување на мал мобилен телефон кој речиси половина година бил во цревата на една личност.

 

 

Докторите не ја извадиле пластичната фолија која го штити телефонот додека не дошла полицијата, но јасно било што има внатре во заштитниот пластичен слој. Пациентот, кој наводно сега е стабилен и се храни нормално, потврдил дека го голтнал апаратот шест месеци порано, како што правел во минатото.

Мохамед им рекол на лекарите дека веќе проголтал мал мобилен телефон, за да не мора да им го предава на чуварите во случај на претрес, но секогаш порано го излачувал на „другиот крај“.

Го наполнил, го користел за да разговара со луѓето надвор, а потоа повторно го проголтал. Само што овој пат не го исфрли половина година, но не се загрижил премногу поради тоа, па продолжил нормално да јаде и пие.

Loading...

 

 

Човекот рекол дека никогаш не се чувствувал надуен и дека имал проблеми со запек, но еден ден почнал да чувствува силни болки во стомакот и потоа бил однесен во болница, каде лекарите му рекле дека има тешко воспаление и цревна инфекција, но дека работите можеле  да бидат многу полоши доколку телефонот не бил завиткан во пластична фолија.

– Присуството на телефон во стомакот можеше да предизвика интестинална опструкција или надуеност, па можевме да отстраниме дел од цревата, но за среќа тоа не се случи – изјавил за Sky News Arabia еден од лекарите кои го оперирале Мохамед.

– Голтањето, како најмалиот мобилен телефон на светот, е вообичаено во затворите ширум светот, но се сомневам дека некој друг живеел со еден во стомакот цели шест месеци – рекол докторот.