Пред да се запознаеме со штетноста на никотинот, цигарите се верувало дека лекуваат астма, со арсен некогаш се третирале трипер и сифилис, а со пчекнарни снегулки го смирувале поривот за – мастурбација.
Фала му на Бога за современата медицина, затоа што пред пронајдокот на современата медицина, лекарите користеле голем број прилично сомнителни методи на лекување, како што се цигари за астма, лекови од маларија за третман на сифилис или разни паразити кои биле понудени како подготовка за слабеење.
Порталот Bored Panda собра стари реклами зачудна медицинска пракса која порано била популарна, пренесува Дејли Меил.
Така, се покажа дека Х. Келог, кој ги создаде познатите пченкарни снегулки, сега е една од најпопуларните понуди за појадок, а првично била наменета да го потисне сексуалниот нагон.
Тоа бил еден од најголемите гревови во тоа време. Келог бил лекар и активист и длабоко верувал дека со здравата исхрана може да престане мастурбацијата, иако немал докази за тоа.
Пред целосно да ги истражат и разберат ефектите на никотинот, луѓето мислеле дека пушењето всушност може да помогне при астма. Пушењето тогаш била ретка забава и толку малку се знаело за штетните ефекти на цигарите што лекарите верувале дека цигарите всушност помагаат против лошиот здив и настинката.
Верувале или не, во викторијанско време (од раѓањето на кралицата Викторија во 1837 година до нејзината смрт во 1901 година), храната збогатена со тенија се сметала за диетална, односно се верувало дека може да јадат се што сакаат, без да се здебелат.
Сè што требало да направат е да јадат нешто заразено со паразити, како што е јајце. Паразитите потоа „растеле“ во цревата и испивале човекот кој не добивал тежина поради тоа. Непотребно е да се каже, оваа форма на „контрола на тежината“ била често смртоносна?
„Вин Маријани” (или вино Маријани) било и двете: фино француско вино, но и лек за разни видови на заболувања, особено желудочни.
Создаден е и патентиран од Анџело Маријани, француски хемичар од Корзика, кој бил заинтригиран од медицинскиот потенцијал на растението кока. Виното се појавило во 1860-тите години, пред Кока-Кола и се рекламирало како вино што го „зајакнува и освежува телото и мозокот“.
Метамфетаминот е откриен во 1893 година, како моќен стимуланс на централниот нервен систем, кој сега се користи главно како илегална дрога. Но, во еден момент, тој бил пропишан како лек за олеснување на желбите за храна, за оние што се обидувале да ја потиснат желбата да се прејадуваат во тоа време и депресијата што ја хранеле утешувајќи се со храната.
На пациентите кои страдаат од сифилис на почетокот на 20 век им биле препишани лекови за маларија, бидејќи предизвикувале висока температура. Околу 15% од пациентите со сифилис умреле.
И покрај смртоносниот ефект на арсенот, таблетите со овој отров завиткан во чоколада биле пропишани до 20 век, како лек за трипер и сифилис.
Денес знаеме доволно за потребата да се избегне живата, што може да ги оштети внатрешните органи, но порано била основа за лек за меланхолија, сифилис и грип.
Од крајот на 16-ти до 17-тиот век до 1890 година, во медицината најчесто се користеле делови од починатите за лекување на разни заболувања, вклучувајќи епилепсија или крварење.
Најчесто користени делови биле крв, телесна маст, коски и месо. Затоа еден од најпопуларните лекови кои често се шверцувале бил прашокот од египетските мумии.