Ари Кала (24) од Австралија тврди дека може да намириса кога доаѓа смртта.
Своето „шесто сетило“ го открила уште како дете, кога имала само 12 години. Тогаш кај својот вујко почуствувала „болен и сладок мирис“ кој никој друг не го чувствувал.
Loading...
– Веќе пред да умре почувстував болен, слатко изгниен здив во неговиот дом. Мислев дека тоа е мирис од некоја застоена храна, но подоцна сфатив дека тоа е мирис на смртта. Од тогаш повеќе пати го имам почувствувано кај луѓе кои биле во терминална фаза на болест или кај оние кои се многу стари, вели Ари и додава дека нејзината дарба е бескорисна со оглед на тоа дека не може да стори ништо за да ги спаси тие луѓе.
Иако со сигурност може да предвиди кога некој ќе умре, Ари вели дека тоа не им го кажува на луѓето.
– Таа дарба ми е како некој вид на проклетство. Повеќе пати сум сакала да им кажам на луѓето што чувствувам, но тогаш сфатив дека тоа не е моја должност. Мојата дарба е бескорисна, бидејќи никому не можам да помогнам. Замсилете да пријдам до странец и да му кажам дека наскоро ќе умре, а дека за тоа и не е свесен… Тоа би била катастрофа. Не е мое да се мешам во нивната судбина, смета Ари која неодамна дала отказ во една адвокатска канцеларија за да се посвети на своите „магични“ способности.