ТикТок има нов бизарен тренд – децата ги исправаат забите со турпија за нокти, го снимаат и објавуваат на споменатата социјална мрежа.
Бројот на такви видеа е веќе алармантно голем, а стоматолозите предупредуваат колку е штетно и глупаво.
„Правите непоправлива штета и ги уништувате вашите заби“, изјави за „Инсајдер“ д-р Чад Еванс, ко-сопственик на Texas Smile Magic Family Dental.
@iman_rdh Is filing your teeth safe? @acerendulicc #dentist #teeth #filingdown #duet
Соработниците го покажаа трендот на Еванс и тој беше шокиран.
Она што децата го прават со турпиите за нокти е слично на постапката што ја користат козметичките стоматолози при исправување на оштетен заб, но е многу поопасно бидејќи турпијата може да ја оштети глеѓта на забот, а забот може да стане преосетлив или целосно уништен, предупредува стоматологот.
Експертите предупредуваат дека дури и професионалното зацрвстувањето на забите е многу опасно и дека го скратува животот на забите, а аматерското турпијање може да биде фатално.
https://www.instagram.com/tv/CDrryEOp2Yd/?utm_source=ig_embed