Бизарен тренд го чинел живот: Му ја отсекле главата бидејќи мислеле дека во неа крие богатсто

Сподели со своите пријатели

Криминалците му ја отсекле главата на маж од Мозамбик бидејќи мислеле дека во неа се крие богатство, пренесува Метро.

Loading...

Според локалните медиуми, тие сакале да го продадат во Мали бидејќи во некои делови на Африка постои суеверие дека во главите на ќелавите мажи се крие злато.

Сепак, потенцијалниот купувач исчезна пред да се случи каква било размена, објави The South African. Убијците, наводно, ги фрлиле главите во градот Муандива во централниот дел на Мали.

За жал, ова не е изолиран случај на целосно бесмислено убиство на ќелав човек во Африка. Случајот е далеку од прв од ваков вид.

 

 

Болниот „тренд“ на убивање луѓе за злато во главите во последно време заживеа, а ритуалните убиства зачестија од 2017 година, кога во Мозамбик беа убиени пет мажи. Три жртви потоа беа обезглавени во рок од една недела.

Loading...

Се верува дека некои луѓе продолжуваат со варварските злосторства затоа што волшебниците ги убедуваат во суеверие, а всушност имаат намера да ги задржат главите за себе за да ги користат во ритуали.

– Мотивот на убиецот доаѓа од суеверие и култура. Месната заедница мисли дека ќелавите се богати – изјави во 2017 година полицискиот командант од Мозамбик Афонсо Диас

Од една од жртвите биле извадени и органи, кои биле користени во ритуали за привлекување богатство, а „клиенти“ биле од Танзанија и Малави.

Дека проблемот не е изолиран, потврдуваат морбидните верувања кои не знаат за државните граници.

Така, некои заедници од Јужна Африка, Танзанија, Нигерија и Уганда веруваат дека волшебниците можат да користат делови од телото за да им донесат богатство, плодност, моќ и многу повеќе.

Дополнително, развиена е трговијата со човечки органи заради трансплантација.

Во извештајот на Интерпол од септември минатата година се наведува дека трговијата со органи е од особена загриженост во Северна и Западна Африка, каде сиромашните заедници и раселените луѓе се изложени на поголем ризик од експлоатација.