Биткоин ги урна и акциите на Тесла: Маск на удар од две страни

Сподели со своите пријатели

Илон Маск претрпе загуба од двете страни денес – паѓа биткоинот, кој неодамна го пазари за милијарда и пол долари, и поради тоа, акциите на неговата компанија Тесла исто така беа во минус.

Loading...

Акциите на „Тесла“ паднаа и, како што проценуваат актерите на пазарот, отидоа на „црвено“ на годишно ниво, поради силната продажба на акции на оваа високо котирана технолошка компанија и падот на биткоинот, во кој неодамна производителот на електрични автомобили инвестираше 1,5 милијарди долари.

 

 

Во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза, во 11:21 часот по средноевропско време, акциите на „Тесла“ потонаа за повеќе од 6 проценти откако падна за 8,5 проценти за време на претходната трговска сесија, пренесува Ројтерс.

Фирмата, предводена од милијардерот Илон Маск, забележа sвезден пораст од 2020 година, почнувајќи од ниво на цена од околу 85 американски долари за акција, за да достигне 900 американски долари по акција на 25 јануари оваа година.

 

Loading...

 

Акциите на „Тесла“ во моментов се тргуваат за околу 673 долари, односно по цена за 25 проценти пониска од рекордот, што го надминува падот од 20 проценти, што по дефиниција технички значи пазар на мечки, забележува британската агенција.

Биткоинот исто така „полета“ на пазарот на мечки, паѓајќи од врвот од 58.354 долари, колку што вредеше на 21 февруари, на 45.000 американски долари денес.

Leave a Reply