Битиќи: Работата на Коридор 8 продолжува

Сподели со своите пријатели

Република Северна Македонија е дел од паневропскиот коридор на патни правци, нема отстапување од Коридорот 8 и на Исток и на Запад, бидејки Коридорот 8 сврзува сојузнички земји, земји на НАТО.

Loading...

Ова го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интервјуто на ТВ 24.

Во делот на изградбата на пругата кон Бугарија, Битиќи изјави дека преку грантови и кредити за прв пат се осигурани финансиски средства, а паралелно се избрани и фирмите за двете делници, и дека сега следи третата делница која е најтешката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени над 70% од гласовите во Македонија: Ова се резултатите!

Вицепремиерот Битиќи додаде дека за прв пат после низа години може да тврдиме дека и двете страни градат, и имаат стриктни рокови на кои се држат и нема отстапување од Коридорот 8 и на Исток и на Запад.

„Сите држави, дел од Коридорот 8, не се непријателски туку сојузнички земји, сите сме дел од НАТО, Северна Македонија, Албанија и Бугарија и ова го прави значењето на Коридорот 8 уште позначаен, но и самата крстосница во која се наоѓа нашата земја со коридорот 8 и коридорот 10 ја прави уште поголема важноста“, изјави Битиќи.

Ова, рече Битиќи, се должи на фактот што Владата за прв пат ги поставува работите за системско решавање на недостатоците во инфраструктурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 15 часот во Македонија?