Битиќи: Паметната специјализација ќе го олесни интегративниот процес преку развој на нашите конкурентни предности

Сподели со своите пријатели
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на конференцијата за изработка на Стратегијата за паметна специјализација, во организација на Заедничкиот истражувачки центар.

Loading...

Во продолжение ви го праќаме интегралното обраќање на вицепремиерот Битиќи:

„Благодарам за денешната покана и целата поддршка која Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (EC Joint Research  Center JRC) ни ја дава во процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација, како и можност денеска да ја имаме оваа конференција, како платформа за дијалог.

Подготовката и изработката на Стратегијата за паметна или смарт специјализација, е исклучително важна за развојот на нашата земја, но и за развојот на регионот, бидејќи преку мапирање на нашите конкурентни предности, ние како и целиот регион можеме да се движиме напред, низ и во надминување на оваа криза, преку заедничка регионална конкурентност, наспроти регионална конкуренција.

Стратегијата за смарт специјализација ќе воспостави рамка со која ќе се дефинираат јавните политики поврзани со истражување и развој (R&D) и особено со инвестициските политики кои влијаат на економската, научната и технолошка специјализација на земјата и со тоа и на нејзината продуктивност, конкурентност и економски раст. Смарт специјализацијата треба да овозможи обнова на економскиот раст и тоа преку вложувања направени како од јавниот, така и од приватниот сектор, кои ќе се засноваат на иновации и знаење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

Стратешките документи поврзани со економскиот развој поттикнуваат инвестиции, вработувања, конкурентност, како и формирање одделенија за истражување и развој во фирмите, поголема соработка со академијата, трансфер на технологии, интернационализација, иновации итн. Од друга страна се работи и на зајакнување на институционалната инфраструктура за иновации, истражување и развој, преку формираните акселератори, хаб за дигитални иновации, лаборатории и слично.

За ова да го направиме умешно и тие да се продуктивни и да ги дадат очекуваните или посакувани резултати, неопходно е да ги рационализираме ресурсите и од широката палета на можности да ги издвоиме областите на специјализација.

Досегашната подготовка, преку голем инклузивен процес, покажа дека сектори со најголем потенцијал за паметна специјализација се:

Loading...
  • Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност; што оваа криза дополнително ги акселерираше на врвот на листата на приоритети;
  • Електро, машинска индустрија – или Индустрија 4.0, кон што сметам дека треба да го насочиме нашето образование со цел да ги сретне потребите на новиот пазар на труд;
  • ИКТ, како посебна индустрија, но и со хоризонтално значење поради неопходната дигитализација на економијата и општеството;
  • Паметни згради и одржливи материјали, вклучувајќи го и концептот на циркуларна економија.
ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

А како хоризонтални области кои се поврзани инерсекторски и треба да бидат интегрирани во новиот развоен концепт се:

  • Енергетиката, со еко солуции, обновливи видови енергија, енергетска ефикасност, навлегувајќи во сите сегменти и поттикнувајќи зелена транзиција;
  • Додека, туризам е сектор кој интерсекторски е поврзан со ИКТ и прехрамбената индустрија.

Верувам дека голем дел од вас веќе знаат дека нашата земја започна со креирање на Националната развојна стратегија 2022 – 2042, која ќе го трасира патот за долгорочен одржлив економски развој. Национална развојна стратегија (НРС) ќе ги претстави визијата и патоказот за нашата земја за следните 20 години. Оваа визија, која почнавме да ја создаваме и да ја градиме, ќе треба да го замисли нашето општество во следните 20 години, до 2042 година. Националната развојна стратегија, ќе биде чадор на сите постоечки и идни стратегии, вклучувајќи ја и паметната специјализација, затоа што е важна во мапирање на нашите потенцијали за среднорочен и долгорочен развој на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Приоритет на Македонија е да се избере Претседател. Граѓаните да излезат и да гласаат по сопствено убедување

Дополнително, сега со веќе отпочнати преговори со Европската Унија, паметната специјализација ќе биде дел од процесот на пристапување кон ЕУ поврзани со две преговарачките поглавја 25 Наука и истражување и 20 Претпријатија и индустриска политика. Исто така, паметната специјализација е дел е од иницијативата на Заеднички регионален пазар на Регионалниот совет за соработка (RCC initiative for Common Regional Market) и е дел од Агендата за иновации за Западен Балкан.

Што според мене е исклучително важно, бидејќи како што споменав на почетокот, нашиот регион мора да ги отклучи своите потенцијали низ соработка и конкурентност.

Претходните неколку години нашата земја се подготвуваше за процесот кој сега го отворивме.

Темелите се поставени.

Сега, во следните неколку години време е to walk the walk.

И ние дома и со помош на Европската комисија, конечно сите овие стратегии и планови да добијат воздух. Да ја постигнеме конкурентноста, со цел полесна интеграција.“

Loading...