Битиќи-Баздникин: Да го одржиме континуитетот во трговската размена и да ја зголемиме економската соработка

Сподели со своите пријатели

Зголемувањето на економската соработка помеѓу двете земји и определбите за зголемување за трговската размена, како и условите за инвестирање во земјава, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Loading...

Вицепремиерот Битиќи, истакнуваат од неговиот Кабинет,  му порача на амбасадорот Баздникин дека имаме одлични услови за реализација на нови инвестиции од странски компании, како и дека ќе се работи на унапредување на грижата на странските инвеститори за време на реализацијата на инвестицијата и целото време додека работат во земјава.

Тој посочи дека по остварување на првата стратешка цел, членството во НАТО, наш стратешкиот интерес остануваат евро-интеграциските процеси и членството на нашата земја во ЕУ, но и одржување на добри билатерални односи со традиционална пријателските земји како што е Руската Федерација.

На состанокот се разговараше и за четирите сета економските мерки кои Владата ги донесе за поддршка на граѓаните и стопанството и ублажувањето на негативните ефекти од социо-економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Соговорниците се согласија дека антикризните мерки ги даваат посакуваните резултати, како и дека сите земји ќе мора да продолжат со креирање иновативни решенија за надминување на кризата.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека пандемијата е предизвик за земјите од целиот свет, а нагласи дека при креирањето на мерките се внимава во нив да се содржи и развојна компонента, која ќе ги поттикне компаниите на иновативни решенија, дигитализација на процесите, намалување на бирократијата и сивата економија.

Leave a Reply