Бислимската клисура доживеа туристички бум меѓу кумановци (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Голем дел од кумановци го искористуваат секој миг од пролетното сонце да го поминат во природа со оглед дека сите места за забава и дружење се затворени поради епидемијата на коронавирусот.

Голема популарност деновиве доживува Бислимската клисура која се наоѓа на реката Пчиња, која се наоѓа на пет километри од Куманово.

Loading...

Во продолжение на овој текст дознајте повеќе факти за оваа клисура, кои сигурно не ви биле познати, но ќе ви пренесеме и дел од фотографиите кои посетителите ги направија во изминатите денови.

 

 

Каменлив и мистериозен простор

Бислимската клисура е всечена е во варовнички карпи со јурска старост. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални, така што на некои места наликува на кањон.

Под името Бислимска Клисура, е опфатен делот помеѓу ридот Краста од западната и ридот Голиќ од источната страна, односно длабоко всечената долина на реката Пчиња од с. Доброшане до с. Пчиња.

Клисурата е долга само 7 км, но и на така мала должина, има многу што да се види. Во народот овој простор се нарекува едноставно „Бислим“ и веднаш асоцира на каменлив и мистериозен простор каде ретко кој поминува.

Loading...

Според сознанијата, името најверојатно потекнува од средновековното село кое се простирало во средишниот дел од клисурата, а кое се раселило кон крајот на 16-ти или 17-ти век, т.е. за време на турското владеење.

 

View this post on Instagram

Кога на само 5 километри од родниот град имаш ваква природна убавина, не е фер барем на неколку месеци да не ја посетиш. Бислимска Клисура со нејзините мистериозни пештери деновиве беше моја одредница за пријатно поминато попладне, а по напорно искачување низ карпите не постоеше поголемо освежување од една флаша @applebanditmk 🍻😎⁣ ⁣ .⁣ .⁣ .⁣ ⁣ #goprouniverse #illgrammers #cider #findyourwild #findyouradventure #инстаграмџии #vscobalkan

A post shared by Evgenij Houp | Travel Stories (@evgenij.houp) on

 

Пристапноста до Бислимската клисура е можна од неколку страни

Наједноставно се доаѓа преку исклучување од магистралниот пат Куманово – Св. Николе непосредно кај „Искрин мост“, а потоа се следи течението на реката.

Втората можност е од јужната страна – преку селото Пчиња, па се оди возводно на течението на реката. Но мора да се каже дека средишниот најинтересен дел на клисурата е сосема непристапен за било какво возило и може да се помине само со пешачење.

За да ја видите клисурата во целата своја убавина, најдобро е да се искачите на ридот Краста, односно врвот или месноста Тикијарница кој е над самата река.

 

Loading...

 

– Се забележува силното меандрирање на Пчиња која е во карпестата бездна длабока скоро 300 м. Од тука се гледа и највисокиот врв во областа – Кукуљатица со своите 722 м. Краста и Голиќ се испресечени со поплитки и подлабоки суводолици, низ кои вода тече само по силни врнежи. На некои места, овие ридови наликуваат на вистински карпести пустињи слични со оние во херцеговското подрачје. На Краста над каменоломот можат да се видат и неколку вртачи – единствени од таков вид во кумановско. За нивно создавање биле потребни илјадници години во кои атмосферските врнежи го растворале варовникот и формирале вдлабнатини, пишува д-р Ивица Милевски, од првиот географски портал на Македонија.

 

View this post on Instagram

Hiking 🙂

A post shared by Mr. Stefanovski (@mr.stefanovski) on

 

Loading...

Пештери

Во месноста „Бислим“ во Куманово и денеска постојат ходници долги и до 1 километар во кои се криеле Комитите од Турците. За да ги истераат Турците палеле големи количества пипер од чија лутина Комитите се угушувале.

Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 м. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 м), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 м.

 

Loading...

 

Со својот пештерски накит, најинтересна е Лишков Пештер, во јужниот дел на клисурата (2 км спротиводно од с. Пчиња). Покрај пештерите и пропастите, овде релјефот е многу интересен, со бројни шкрапи, вртачи, суводолици, раседи и сл.

Во средишниот дел на клисурата и во пештерите има остатоци од антички градби, веројатно од римскиот период.

Во Бислимска клисура има разновиден растителен и животински свет (лилјаци, соколи, орли, влекачи — особено поскоци и др.).

 

Loading...

 

На ова место некогаш постоел живот

Како што пишува ИГЕО, иако денес просторот изгледа пуст и безживотен, овде некогаш минувале познати староантички патишта, а постоеле и неколку населби кои егзистирале над 1000 години.

За тоа сведочат и разрушените остатоци од одбрамбените ѕидини во месноста Градиште, натписите по карпите, па и трагите од човековата активност во неколкуте околни пештери. Кај самиот врв во месноста Градиште ве очекуваат неколку изненадувања.

Loading...

Во ниската карпа под врвот издлабен е правоаголен отвор низ кој се влегува во кратката пештера по чии ѕидови можат да се забележат стари натписи – веројатно уште од античко време.

Денес оваа пештера сточарите ја користат како засолниште при временски непогоди. На 10 метри од влезот во пештерата, затскриен зад карпите е некаков отвор во вид на бунар. Преку отворот се нафрлани гранки за да се спречи впаѓање на добиток. Овој отвор е всушност влез во Голема Градишка пропаст, длабока над 20 метри. Во длабочина, пропаста се проширува и завршува со поголема подземна сала од која понекогаш прокапува вода. На дното има натрупани камени блокови и скелети од поситни животни. Постои легенда која вели дека тука селаните од некогашното село Бислим фрлиле Турчин што сакал да потурчи македонска мома.

 

 

Сосема од спротивната страна на Градишкиот пештер е помалата Градишка пропаст. Интересна е по тоа што има два влеза – канала кои на длабочина од 10 метри се спојуваат.

Loading...

Каналите се толку тесни што човек едвај може да влезе низ нив. Интересно е да се спомне дека во месеците јули и август по карпестата површина во овој дел на Градиште можат да се забележат голем број на змии, а посебно треба да се внимава на змиите камењарки кои се доста отровни, а тешко се воочуваат.

Во подножјето на Градиште, до самото корито на Пчиња е една од најкарактеристичните пештери во областа, која народот ја вика „Студен пештер”.

Влезот од пештерата се состои од поголем број на отвори низ кои се одвива силна циркулација на воздухот. Тоа условува на неколку метри од влезот, температурата нагло да опаѓа. Затоа, пред неколку десетлетија, кога реката била почиста и посетувана, влезот на пештерата на посетителите им служел како ладилник за прехрамбени артикли. Кон внатрешноста на Студен пештер се одвојуваат 2 канали долги по дваесетина метри.

 

Loading...

 

Горниот канал наликува на лавиринт и од него може да се дојде до таваницата на понискиот канал или да се излезе на „терасата” над главниот влез. На неколку места во пештерата има интересен подземен накит, но и голема колонија на лилјаци од неколку стотици единки. За жал во последно време лилјаците се истребуваат поради верувањето дека имаат магијска моќ.

Од спротивната страна на реката е огромен карпест отсек висок 250 метри. Овој дел народот го нарекува Мечкина клисура. Мерењата на длабочината на реката Пчиња покрај карпестите делови покажуваат вредност и до 3 метри, така што преминувањето на реката е мошне отежнато посебно за време на повисоки води. А реката мора да се премине за да се види убавиот Лишков пештер, можеби најбогатиот со пештерски накит објект во Бислимската клисура и воопшто во Кумановскиот крај.

Пристапноста на Лишков пештер е релативно тешка и води по карпести „скали” кои многу одамна делумно биле обликувани од старото население.

На самиот влез од пештерата се отвора голема пештерска сала чие дно е прекриено со блокови сурнати од таваницата. Од салата продолжуваат два канали кои завршуваат со помали кружни проширувања. Низ каналите се забележува прекрасен пештерски накит во вид на завеси, бледо-жолти сливови, а од таваницата се спуштаат тенки цевчиња – сталактити, кои природата макотрпно ги создавала, пишува д-р Ивица Милевски.

 

 

Во почетниот дел на левиот канал можат да се приметат неколку камени садови со голема старост кои ги користело дамнешното население. Од десниот канал се издвојува спореден канал кој се спушта во длабочина и завршува со кружна сала. И овој канал е богат со сталактити, а се јавуваат и неколку сталагмити. На дното од каналот во зимскиот период од годината се формира мало езерце, кое понира преку пукнатината, а водата му истекува директно во реката Пчиња.

Внатрешноста на Лишков пештер е доста топла и влажна, а располага и со разновиден животински свет, особено подземни инсекти.

Постои верување дека во пештерата и околу неа има закопано богатство. Затоа честопати можат да се забележат „авантуристи” кои се во потрага по богатството, но нивните соништа не се остваруваат. Ако не може да се најде вистинско богатство барем се крши по некој сталактит или сталагмит, а со тоа се прави ненадокнадива штета бидејќи се уништува единствен вака раскошен објект во Кумановскиот крај. А замислете само, природата секој сталактит го изградува со капнување на милиони капки а за едно цевче долго 5 см, потребни се преку илјада години. Да не ја дираме барем оваа пештера за да остане за идните поколенија да има на што да се восхитуваат, вели д-р Ивица Милевски.

 

 

По напуштањето на Лишков пештер повторно мора да се премине реката за да се видат уште неколку интересни места во локалитетот Китке. Самото искачување до месноста е многу напорно. Сепак трудот се исплаќа бидејќи се доаѓа до уште една пештера наречена Дуенички пештер. Таа е една од помалите и посиромашни со накит, но е интересна по формата и морфологијата на главниот канал. Пештерата е долга 30 м, и сосема е пристапна. Затоа се користи како засолниште за сточарите и за добитокот особено кога се јават временски непогоди. Неколку десетина метри под пештерата, природата создала впечатлив прозорец во карпа. Под влијание на врнежите, ветерот и механичкото распаѓање, помеките делови од карпестата маса побрзо се распаѓале, па така за период од 10 илјади години се оформил отвор кој наликува на прозорец. Од овде се пружа убава глетка кон Градиште и кон Тикијарница, а во бездната, во длабочина од 60 метри е течението на Пчиња.

она што останало, туку спротивно – да ја вратиме некогашната чистота и убавина на овој бисер на Куманово.

 

Извор: igeografija.mk / фото: Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *