БИЛА ТРУДНА ЦЕЛИ 46 ГОДИНИ: Кога го извадиле бебето, лекарите не можеле да веруваат што гледаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Случајот со Мароканката, Захра Абуталиб, е сигурно еден од најневеројатните во историјата на медицината. Уште во 1955 година, Захра чувствувала болка и почнала да се породува во мало село во близина на Казабланка. Раѓањето траело 48 часа, но бебето не се родило.

Loading...

Потоа била пренесена во болница каде требало конечно да се породи каде би била под надзор на специјалист. Меѓутоа, кога видела дека една млада девојка во маки починала за време на операцијата, Захра во паника избега од болницата.

Иако со денови страдала од болка, таа не се вратила во болницата. Сепак, еден ден болката одеднаш престанала и Зехра, верувајќи во мароканскиот мит за „бебе кое спие“, што значи дека бебето спие во матката за да ја заштити нејзината чест, едноставно заборавила на бременоста.

Децении поминале и бебето не се родило. Захра, пак, посвоила три деца и станала баба. Кога наполнила 75 години, силната болка се вратила, но лекарите немале соодветно објаснување.

Д-р Таиби Казани верува дека стомакот на Захра е отечен поради тумор на јајниците и ја испратил на преглед.

Лекарите биле шокирани кога ги добиле резултатите. Во стомакот на Захра имало плод на скаменето бебе.

Мртвото бебе, кое имало 46 години во телото на Захра, било успешно отстрането со операција.

Нејзиното бегство од болницата пред 46 години веројатно го спаси нејзиниот живот. Ако била оперирана тогаш, кога не постоел современ апарат за скенирање, лекарите сигурно ќе ја пресекле папочната врвца, бидејќи не знаеле како се позиционира новороденчето и ќе предизвикале внатрешно крварење кое ќе било фатално за мајката и доенчето.

Loading...

Во медицинската историја се пријавени околу 300 слични случаи, но „каменото дете“ на Захра најмногу време поминало во стомакот.

Leave a Reply