Била мисица со врвна кариера, се додека момчето не и го спржило лицето, еве како денес изгледа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британската водителка, авторка, и денес инфлуенсерка Кејти Пајпер ги откри деталите од нејзината шокантна животна приказна, како и како излезе од сето тоа како победник.

Loading...

Имено, во 2008 година, Кејти имала се што може да посака една млада девојка – слава, убавина, добра кариера, пари … Но, истата година се соочила со траума по која ништо не било исто – таа кобна година таа била жртва на нејзиното тогашно момче Даниел Линч, кој го организирал нападот врз неа – ангажирал професионалец кој истурил сулфурна киселина врз лицето на Кејти.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

Како резултат на овој монструозен чин, Кејти ослепела во едното око, а кожата на лицето и била целосно уништена … Година и пол по инцидентот, таа се сокрила од јавноста, обидувајќи се да застане на нозе и лекува трауми и рани, како физичките, како и психички. После тоа, таа одлучи да не се крие и да зборува за се, со цел да им помогне на жените кои исто така биле жртви на некаков вид насилство.

Да потсетиме, Кејти беше на почетокот на нејзината манекенска и водителска кариера во моментот кога беше нападната. Таа ја освои титулата Мис Винчестер и имала големи планови, кога го запознала гореспоменатиот Даниел, со кого наскоро влегла во врска.

Loading...

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

По само две недели врска, ја силувал и ја малтретирал точно осум часа, по што испратил познаник да и истури киселина по лицето. Сепак, раката на правдата стигнала до него – тој бил уапсен и осуден на доживотен затвор, а минимумот што мора да го служи, дури и ако добие олеснување, е 16 години.

Денес, Кејти успеала делумно да го реконструира своето лице благодарение на бројните естетски процедури. Напишала три книги за своето искуство, е многу социјално активна, ја следат речиси милион луѓе на Инстаграм и дури успеала повторно да се најде пред камера – често е ангажирана како водителка на телевизиски емисии.

 

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

– Кога се се случи, луѓето постојано ме прашуваа: „Што сега?“ Затоа што не се вклопував. Се сеќавам дека мислев дека ако прифатам дека сум се променила целосно, тогаш мора да се промени и индустријата. Кога се споредувам со другите жени на моја возраст, чувствував толку многу болка, радост и еуфорија во овие кратки 36 години. Но, ми даде непоколеблива самодоверба, знаење дека што и да се случи во мојот живот, јас сум во состојба да се опоравам од тоа – рече таа.

Среќно е во брак со градежниот изведувач Ричард Џејмс Стант од 2015 година, а двојката има и две ќерки.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)