Бил убав, згоден и паметен, но најсуров сериски убиец во светот

Сподели со своите пријатели

За време на четири години од 70-тите, Банди ја тероризирал американската нација. На крајот, тој е обвинет за 30 садистички убиства на жени низ САД, иако некои дури зборуваат и за бројка од над 100 жртви.

И додека повеќето убијци ја негираат својата изопачена природа, Банди бил целосно свесен за своите постапки и не се срамел од нив. Непосредно пред да биде погубен, тој се опишал себеси како „најладнокрвниот кучкин син што некогаш сте го виделе“.

Loading...

 

Florida Photographic Collection

 

Ова е неговата приказна

„Чудно момче“

Тед Банди е роден во 1946 година во Вермонт, а го воспитувале неговите баба и дедо. Бидејќи никогаш не го запознал својот татко и за да ја избегне осудата на општеството, на Банди му било кажано дека тие биле негови родители, додека неговата мајка му била претставена како негова постара сестра.

Кога дознал за ова, никогаш не и простил на својата мајка за изневерувањето.

Банди бил опишуван како чудно момче уште од дете. Кога имал само три години, тој наредил еден куп ножеви околу неговата тетка која спиела и чекал да ја види нејзината реакција.

Многу соученици и професори подоцна го опишале Тед како отуѓено и малку застрашувачко момче.

Loading...

 

 

Убиец кој постојано се извлекувал

Се верува дека Банди убил за прв пат кога имал 18 години по првото раскинување со неговата девојка. Шест жени исчезнале од блискиот колеџ, а полицијата немала траги.

Банди обично фаќл жени глумејќи полицаец или дека е ранет и му треба помош. Киднапирањата продолжиле сè додека четири жртви не избегале и го дале неговиот опис на полицијата.

Сепак, и тогаш, и покрај сите напори, Банди не бил фатен!

Се преселил во Јута и се запишал на правниот факултет. Набргу по неговото пристигнување, убиствата започнале и таму. Сите жртви на Банди биле млади жени, кои ги тепал, задавил и силувал. По тој редослед!

Кога Тед Банди бил прв пат уапсен, детективите не можеле да го поврзат со ниту едно убиство. Наместо тоа, тој бил обвинет за киднапирање на жена која успеала да избега и бил осуден на 15 години затвор.

 

Loading...

 

Но, Тед Банди не бил готов!

Бегство од затворот и крвав пир

Во 1977 година, Банди успеал да избега од затворот во Колорадо, дури и двапати! Првиот пат го фатиле веднаш, но вториот пат бил во бегство неколку месеци. Потоа тргнал на пат од Аспен до Флорида, оставајќи зад себе крвава трага од нови убиства, пишува порталот Виралнова.

Loading...

Откако повторно бил фатен, старите случаи биле отворени и започнало судење кое траело девет години. Банди го привлекол вниманието на младите жени во судницата. Несигурни зошто биле толку фасцинирани од него, сепак го следелд секој збор на згодниот млад човек.

Студентот по право, Тед Банди, се застапувал самиот, но тоа не го спасило да биде осуден на три смртни казни.

 

 

Loading...

По повеќе од една деценија силно негирање, Тед Банди признал 30 убиства во последните месеци од својот живот, иако вкупниот број на жртви останал непознат.

Типично за него, Банди би ја удрил жртвата со палка и потоа ќе ја задавел до смрт. Тој исто така бил обвинет за силување и некрофилија.

Смртната казна на Банди била извршена на 24 јануари 1989 година во Мајами, Флорида.

 

Loading...

 

Биографскиот филм „Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile“ (Екстремно изопачен, шокантно злобен и одвратен) за еден од најпознатите и најбрутални сериски убијци во историјата е снимен во 2019 година, а улогата на Тед Банди мајсторски ја донесе актерот Зек Ефрон.

 


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *