Бил Гејтс симнат од врвот на листата на најбогатите во светот

Сподели со своите пријатели

Извршниот директот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос го замени освновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на првото место на листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе чие богатство се проценува на 90 милијарди долари.

Кога берзите се отвориле вчера акциите на „Амазон“ скокнале за 1,6% и допринеле Безос да има нето богатство од 90,6 милијарди долари, односно 500 милиони долари повеќе од Гејтс.

Компанијата „Амазон“ е основана во 1994 година, а денес е една од највредните компании во светот.