Бил Гејтс сака да плаќа повисок данок

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Бил Гејтс смета дека, како и другите богати даночни обврзници во САД, би требало да плаќа поголем данок, иако пореската реформа на претседателот Доналд Трамп ја нарекол „регресивна“.

Предвидувања на Бил Гејтс кои излегоа прецизни и точни

Loading...

– Би требало да плаќам поголем данок. Јас платив данок повеќе од било кого, повеќе од десет милијарди долари, но Владата би требало да бара од луѓето во моето опкружување да плаќаат значително поголеми даноци, рекол Гејтс за CNN.

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Бил Гејтс повеќе не е најбогатиот човек во светот

Вториот најбогат човек во светот, по соновачот на Амазон Џеф Безос, има богатство проценето на 90 милијарди долари чиј голем дел го насочи кон хуманитарните организации и истражувањето на лековите.

МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

Тој не штеди критики за фискалната реформа на Трамп која Конгресот ја усвои кон крајот на декември и која дава значитечни олеснувања на компаниите.

Бил Гејтс: Овие шест иновации ќе го променат светот

Нивната даночна стапка од 35 отсто е намалена на 21 отсто, а мултинационалните компании можат привремено да вратат добивка во САД остварена во странство, ако платат данок помеѓу 8 и 15,5 отсто.

Бил Гејтс и како да се потрошат милијардите? Авиони, камиони и уметнички дела!

Пред реформите таа добивка им бегала на американските даночници, додека била „паркирана“ во странство, а била подложна на данок од 35 отсто доколку се врати во САД.

Каков телефон (не)користи Бил Гејтс?

– Тоа не е прогресивен даночен закон, регресивен е, оценува Гејтс.

Неверојатни работи за Бил Гејтс кои сигурно не сте ги знаеле

Тој вели дека предностите на овој закон ќе ги почуствуваат супербогатите, спротивно на тврдењата на Републиканците според кои таа реформа е наменета да допринесе за работниците и средната класа.

ШОКАНТНО! Бил Гејтс: Со новите вакцини ќе го намалиме бројот на населението (Видео)

Loading...

– Најбогатите добија поголема предност од луѓето од средната класа или сиромашните, значи тоа е спротивно на општиот тренд кој повеќе би сакале да го видиме, со зајакнување на сигурноста за средната класа и сиромашните, и тие на врвот да плаќаат даноци, рекол Гејтс.

Leave a Reply