Бил Гејтс предупредува: Следната пандемија ни тропа на врата, мора да се подготвиме

Сподели со своите пријатели

Милијардерот и основач на „Мајкрософт“ Бил Гејтс одржа ТЕД говор во 2015 година во кој предвиде заразен вирус што претставува поголем ризик од нуклеарна војна за човештвото.

Loading...

По тој повод, Гејтс рече дека владите треба да бидат подготвени со тимови и системи за да одговорат на пандемијата.

 

 

Советите на Бил Гејтс не се променија во блиското минато

„Сите треба да погледнеме што научивме од оваа епидемија, бидејќи доаѓа нова пандемија“, рече Гејтс.

На прашањето што може да стори администрацијата на Бајден за подобро да се подготват за пандемијата, Гејтс ја истакна потребата од глобална група експерти за заразни болести, повеќе тестирања и подобра комуникација со јавноста.

Loading...

„Потребен ни е тим од експерти, како 3.000 од нив ширум светот, кои се занимаваат со заразни болести. Кога ќе се појави пандемија, тие, со својот комплетен сет на вештини, ќе бидат подготвени да се фокусираат на тоа“, рече Гејтс.

 

 

„Следниот пат ќе бидеме попаметни“

Покрај подобриот тим, Гејтс рече дека „подобриот надзор“, како што е зголеменото тестирање, ќе им овозможи на САД да бидат подобро подготвени.

Она што дополнително позитивно ќе влијае на идната пандемија е „овозможување на експерти да комуницираат со јавноста, без страв од лоши вести, за да ги подготват луѓето“, рече Гејтс, додавајќи:

„Прилично е јасно: следниот пат ќе бидеме попаметни“.

Loading...

Гејтс рече дека веќе разговарал со новоизбраниот претседател Џо Бајден за „мапата на патиштата“ по кои ќе одат идните кризи во јавното здравство.

Leave a Reply