Бил Гејтс го промени мислењето за криптовалутите

Сподели со своите пријатели

До пред неколку години, сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс беше жесток критичар на крипто-валутите, што тој ги нарече шпекулативни инвестиции.

Loading...

Изгледа во меѓувреме малку ги ревидираше своите ставови.

Според MarketWatch, Гејтс во неодамнешното интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си изјави дека тој денес има „неутрален став“ кон биткоинот, бидејќи ниту тој е сопственик на криптовалутата, ниту пак се обложувал на тоа, пренесува Seebiz.

Како дел од неговата фондација, Гејтс работи на ширење дигитални валути во земјите во развој, но тоа го прави со цел да овозможи поголема транспарентност и полесно враќање.

Денес на Гејтс најмногу му пречат можностите за криминални активности предвидени со анонимноста на крипто-валутите, а таа можност за злоупотреба е најверојатно главната причина за неговиот сегашен став.

Од друга страна, Мајкрософт неодамна го патентираше својот систем за крипто валута, заснован на алтернативни методи на рударство, како што се температурата на телото и мозочните бранови.

Во претходните години, Гејтс ја критикуваше шпекулативната природа на крипто-валутите, верувајќи дека нема никаква вредност зад нив и рече дека „ќе се обложи против нив ако има лесен начин да го сториме тоа“.

Leave a Reply