Бикот преживеал струен удар од 6000 волти и оттогаш е непобедлив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако можеби не личи на бик, постои логично објаснување за прекарот Електричник. Приказната за фаворитот на Асим Зукиќ од Олово во Босна и Херцеговина лесно може да се класифицира во делот „Верувале или не“.

Loading...

Имено, кога бикот Цветоња, кој живее на имотот на Зукиќ, имал две години, доживеал струен удар од 6.000 волти.

 

 

– Го преживеа тој струен удар и така го добил прекарот. Го закопале во земја мислејќи дека умрел, но по неколку часа неговата глава која останала над земјата покажала дека нешто се движи. Го ископале, го одвлекле во шталата. Така талкаше пет-шест дена, на шестиот ден стана на нозе. Тоа му се случи на мојот пријател, а со мене е од 2017 година – изјави Зукиќ за „Нова БХ“.

Од тој момент, од 40 борби во кои учествувал, забележал само два порази. Има 775 килограми, јаде јачмен, овес, други житарки и повремено овошје, а тежината ја „регулира“ со прошетки долги два до три километри.

-Има и поскапи, но тој нема цена за мене. Љубов е, одмор ми е кога доаѓам кај него – заклучува Зукиќ.

Loading...