Биг Бен прослави 160 години постоење

Сподели со своите пријатели

Една од најчестите фотографирани знаменитости на главниот британски град, 96-метарската кула, во составот на Вестминстерската палата, домот на британскиот парламент, оваа недела одбележува 160 години од денот кога за прв пат се огласило ѕвоното на Биг Бен.

Loading...

Познатиот звук нема да одекнува во Лондон уште некое време, затоа што се извршуваат градежни зафати за реновирање на кулата.

Кулата е обиколена со скеле за да се реставрираат стрелките, да се исфарбаат деловите од коважно железо.

Image by Ana Gic from Pixabay

Тоа е најсеопфатен реставраторски зафат изведен досега на кулата на која дури и кровот е расклопен кој се состои од 3.433 делови.

Викторијанскиот часовнички механизам е расклопен за да се зашитити од оштетувања во текот на реновирањето.

За време на обновата, ѕвоното тешко 13,7 тони ќе остане во кулата, но ќе се огласува само во одредени ситуации, како на пример за Нова година.

Loading...

Обновата на кулата се очекува да заврши во 2021 година.

Image by A. H. from Pixabay

Leave a Reply