Бидете внимателни со употреба на гумените базени, советуваат лекарите

Сподели со своите пријатели

Секој ден треба да се менува водата во малите гумени базени поставени во дворовите и на терасите кои последните години се хит и во Македонија. Според експертите за хигиена доколку базенот собира поголемо количество вода тој треба да се празни и повторно полни на два дена.

-Со самото стоење бактериите кои не може да се видат со голо око се размножуваат и можат да направат проблеми, изјави д-р љупчо Костадиновски, специјалист за хигиена во ЦЈЗ Скопје, во изјава за Сител.

Најосетливи на овие бактерии се децата кои и најмногу ги користат овие базени кога температурите се многу високи.

-Можат да се јават цревни заболувања, нагон за повраќање, бидејќи дечињата несакајќи можат да голтнат од таа вода, додаде д-р Костадиновски.

Доктор Костадиновски од скопскиот центар за јавно здравје советува овие базени кога не се користат особено навечер да бидат покриени за да не се полнат со прашина или листови и никако во нив да не се капат домашни миленичиња, а доколку детето сака да внесе играчки истите претходно убаво да бидат измиени.

скопјеинфо.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.