Еден од најпознатите хакери во светот, Кевин митник, во краткиот документарец објаснува два начини со помош на кои е можно да се влезе на било кој мобилен уред. Работата да биде уште полоша, не само што тоа можат да го користат љубоморните брачни партнери, туку ЦИА, владите и хакерите.
Најопасно секако е кога напаѓачите можат физички да дојдат до уредот. на интернет е достапен софтвер кој може да собере се, на пример „FlexySPY“ со месечна претплата околу 60 евра, а со која може да се активира нечија камера или да се прочитаат сите пораки, дури и оние кои се избришани. Можно е дури да се пресретнат и говорни повици – вели Митник.
Другиот тип на напад е далечински и не бара физички пристап до уредот. Со вакви методи се служат различни владини и невладини организации за потребите на шпионирање и следење на криминални активности.
Станува збор за напади кои ги користат ранливостите во софтверот. Пример, Митник наведува како цената за таков пропуст на платформата iOS е 1,5 милиони долари. За агенцијата која на тој начин ќе може да шпионира милиони луѓе, таквиот износ е безначаен.
Кај Андорид уредите, цените за ранливост се многу пониски, околу 200 илјади долари, затоа што е во прашање ранлива платформа – вели Митник, додавајќи дека едноставно нема начин просечен корисник да открие дали има малициозен код на телефонот.
Она што корисниците можат да го направат е да се погрижат секогаш да користат последни изданија на софтверите и силни лозинки.
Ако корисникот некогаш се посомнева дека уредот му е инфициран со малициозен код, наједноставен начин за поправање на можната штета е враќање на фабричките подесувања.
Loading...