Библиотеката „Тане Георгиевски“ побогата со 506 наслови

Сподели со своите пријатели

Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово е побогата за нови 506 наслови во својата колекција.

Половина од книгите се обработени и ставени на располагање на читателите, информира директорката Нада Ивановска, која потенцираше дека има набавено и стручна литература, но и сликовници за најмладите читатели од шеснаесет издавачки куќи од Македонија.

Новите набавени книги се од различни литературни жанрови: љубовни, криминалистички, трилери, научна фантастика она што најмногу го бараат кумановските читатели,а истите се достапни на македонски,албански, српски и англиски јазик.