Руски официјални лица и воени блогери известија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, во јужна Украина, пренесе Би-Би-Си.
Тие наведуваат дека украинските војници се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орехово, каде што вчера заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека непријателот е во „активна одбрана“.
Неколку воени експерти рекоа дека украинската војска најверојатно ќе се фокусира на Запорожје во обид да го врати пристапот до Азовското Море и да ги подели окупаторските руски сили во регионот.
Тоа ќе ги ослаби нивните борбени способности и ќе го елиминира копнениот мост кон Крим, јужниот украински полуостров илегално анектиран од Русија во 2014 година.